Заболени од Ковид-19 се лекуваат на плажите на Барселона

Како дел од програмата за закрепнување од болеста, пациенти заболени од коронавирус се лекуваат на плажите на Барселона, , објави „Би-би-си“..

Медицинските тимови во болницата „Дел Мар“ во Барселона се фотографирани додека ги носеле заболените на плажа, како дел од програмата дизајнирана за хуманизација на единиците за интензивна нега.

Шпанија беше една од најпогодените европски земји од пандемијата, но во последните неколку недели ситуацијата се става под контрола. Шпанија потврди 239.932 инфицирани пациенти од ковид-19 и 27.127 смртни случаи.