Забрана за движење на камионите низ Скопје, заради загаденоста на воздухот

Во периодот од 07:00-10:00 и од 15:00 – 19:00 часот, поради загаденоста на воздухот во Скопје има забрана на движење на товарни моторни возила и промена во режимот на движење, односно истите се пренасочуваат по обиколницата.

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по влажни коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места. Долж котлините и речните долини има појава на магла со видиливост до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.