Рајко Радуловиќ (21) од Ниш, кој е учесник во тешката сообраќајка која се случи кај Демир Капија по излегувањето од болница ќе мора да остане во Неготино и секој ден да се јавува во полиција се додека не заврши истражната постапка околу тешката сообраќајка.
Ваква одлука донел неготинскиот суд на барање на обвинителството, информираше Аце Ангелковски, претседател на Основен суд Неготино.
– На возачот на фиестата му се одземени личната карта, пасошот и возачката дозвола и тој ќе престојува во Неготино, тоа се мерките на претпазливост кои беа донесени согласно на законот, соопшти Ангелковски.
Тешката сообраќајка се случи на патот Демир Капија – Удово. Загина осуммесечно бебе, а повредени беа уште седум лица во директен судир на две возила со српски регистарски таблички.