12.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Забрана за камиони на патот Кичево-Пресека-Охрид, на Стража и од Тетово до Попова Шапка

Поради обилни врнежи од снег, на патниот правец Кичево-Пресека-Охрид, утрово од 04:30 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, информираат од АМСМ.

Забрана за сообраќај на тешки моторни возила од 02:40 часот има и на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, а од 05:00 часот и на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.