Забрана за камиони на планинскиот премин Плетвар

13

Поради интензивни снежни врнежи, од Авто мото-сојузот на Македонија инфомираат дека е воведена е забрана за движење на камиони и на планинскиот премин Плетвар.

„Во 16 часот и 15 минути e воведeна забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар“, се наведува во соопштението на АМСМ.

Претходно денеска забрана за движење на камиони беше воведена и на планинските превои Буково и Ѓавато, како и на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, понатаму забрна за тешки товарни возила има воведено и на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Skin Delight