Забрана за камиони на превојот Стража

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена од 9 чаасот на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража поради интензивни врнежи од снег, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 96 сантиметри во Попова Шапка,  65 сантиметри во Маврови Анови, 43 во Крушево и Лазарополе, 33 во Пожаране, 15 во Тетово, 12 во Ѓуриште, четири во Скопје-Петровец, два во Тополчани и еден сантиметар во Претор.

Од Управата за Хидрометеоролошки работи информираат дека изминатите 24 часа најмногу дожд е наврнат во Дојран – 15 литри на метар квадратен, 13 литри во Демир Капија, 10 литри во Гевгелија и Крива Паланка, девет во Струмица, осум во Штип, три во Берово, два во Охрид, Претор и Прилеп, еден литар во Маврово и Ѓуриште.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.