Забрана за настапи на Русија на олимписки игри и светски првенства следните четири години

52

На Русија ѝ е забранет настапот на олимписките игри и на светските првенства во низа спортови во следните четири години, ја објави во понеделникот Светската антидопинг агенција (WADA) својата одлука во случајот со наводни манипулирања со резултатит од тестирања и прокривање на организиран допинг кој бил наводно изведуван со помош на московска лабораторија.

Извршниот одбор на WADA својата одлука за суспензија ја донел откако неговите членови заклучиле дека во лабораторија во Москва наводно имало манипулација со примероци, подметнување лажни докази и бришење документи кои биле поврзани со наводни позитивни наоди од тестови и со помош накои лесно моќело да се открие кои спортисти користеле недозволени средства.

Одлуката на Извршниот одбор за казнување на Русија била едногласна, објави портпаролот на WADA. Казната вклучува и укинување акредитација на Руската антидопинг агенција. Исто така, забрането е и присуството на челните луѓе на рускиот Олимписки комитет на големите турнири следните четири години.

Оваа казна нема да ги спречи настапите на руските спортисти кои не згрешиле според правилниците на WADA, како што беше случајот на последните Зимски олимписки игри во Јужна Кореја, како и на големите атлетски натпреварување, имајќи предвид дека Русија е под делумни санкции уште од 2015 година, кога биле откриени наводни случаи на допинг кај руски атлетичари и атлетичарки, а подоцна и на Зимските олимписки игри во Сочи.

Од WADA велат дека Русија имала можност да ги избегне санкциите, доколку на агенциајта ѝ ги предала копиите за вистинските лабораториски наоди. Меѓутоа, руската страна не го стори тоа, со образложение дека нема што да предаде друго.

„Сѐ заврши тажно, но очекувани. Извршниот одбор на WADA ги приофатило сите препораки, тие беа усвоени едногласно, немаше ниту еден кој истапи во поддршка или не беше согласен“, изјави земеничката на дирекорот на руската антидопинг комисија РУСАДА, Маргарите Пахнотцкаја.

Одлуката ќе стапи на сила по 21 дена, односно по разледување на евентуалната жалба на Русија кога случајот ќе биде предаден на Спортскиот арбитражен суд,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.