Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на планинскиот превој Плетвар, на Попова Шапка, Кула и на патниот правец Делчево – г.п. Делчево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во 07.30 ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, велат од Македонијапат.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.