Забрана за тешки возила на патот Тетово-Попова Шапка поради врнежи од снег

Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на  тешки моторни возила на патниот правец Тетово –  Попова Шапка, информира ЈП „Македонија пат“.

Од „Македонија пат“ препорачуваат задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на овој патен правец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.