Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Забрана за тешки товарни возила поради врнежите од снег е воведена на патните правци Маврово-Дебар, Стража-Кичево, Македонски Брод-Прилеп, преку планинскиот премин Барбарос и Крива Паланка-Деве Баир.

На патот Тетово-Попова Шапка, покрај забраната за тешки товарни возила, воведена е и забрана за автобуси.

На планинскиот превој Плетвар, пак, од 11:40 часот е укината забраната за тешки товарни возила.

Поради магла намалена видливост од 50 до 100 метри има кај Страцин и на планинскиот премин Буково.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови има остатоци од кашест снег на коловозот.