Забрана за тетовирање за кинеските фудбалери

На фудбалерите кои играат за кинеската репрезентација им е забрането тетовирањето, а на оние кои веќе имаат тетоважи им е советувано да ги снимат, објави Генерелната управа за спорт.

Со тоа, какако што наведува Управата за спорт, би се дал добар пример во општеството.

Во соопштенитето се наведува и дека во посебни околности, можно е играчите да ги прекријат тетоважите на тренинг или на натрпевари, доколку со тоа се согласи остатокот од тимот.

На некои од домашните фудбалски ѕвезди, како што е репрезентативниот бек Жанг Линпенг, од порано им беше порачано да ги прекријат своите тетоважи.

Иако владејачката Комунистичка партија не ги одобрува, тетоважите станаа популарни меѓу младите Кинези. Властите во Пекинг од средината на 2018 година забрзано ја носи регулативата за да ги сперечи појавувањето на тетоважите на телевизиите.

Во кинеската култура тетоважата ности стигма, бидејќи во минатото ја користеле за да ги означат криминалците, а и денес тетоважите се поврзани со криминалните групаци во источна Азија.