Забраната за движење не ја почитувале 104 лица, приведени 76

Вчера започна да се применува мерката за ограничување на движењето на граѓаните кое започна во 11 часот, а ќе трае до утре до 05 часот. Благодарност до граѓаните кои ги почитуваат мерките и со своето однесување придонесуваат да се спречи ширењето на коронавирусот, објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:

✔️ По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 104 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

✔️ На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирано е 1 лице кое не ја почитувало мерката.

✔️ По однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата констатирани се вкупно 82 прекршоци.

✔️ Во државен карантин се спроведени 23 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.