Зачини кои мора да ги имате во вашата кујна

Секој оброк е повкусен со добар зачин, без разлика дали е луто, солено, кисело, ориентално или слатко.

Зачините и билките не само што го збогатуваат вкусот на храната, туку ни даваат и здравствени бенефиции. Лековитата моќ на некои од нив се користела уште пред илјадници години, а современите научни испитувања се доказ дека тврдењата за позитивниот ефект на зачините и билките врз здравјето не се само празни приказни.

Но, неко зачини и не баш здрави, но за среќа, има палета на зачини кои се пријатели на вашиот организам, а вие мора да ги имате во кујната.

Цимет: Најголеми бенефиции: за регулирање на нивото на шеќер во крвта кај дијабетичари

Ставете половина лажичка цимет во овесна каша или зачинете го млекото и кафето со малку цимет. Циметот е толку вкусен што никогаш не би ви паднало на ум дека поседува голема лековита моќ.

Освен што го регулира нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите, внесувањето на половина или четвртина лажичка цимет двапати дневно ги намалува и триглицеридите и нивото на холестерол со околу 30 отсто.

Циметот има и антивоспалителни и антибактериски својства и се верува дека ефективно се бори со E. coli и други бактерии. Кај некои луѓе циметот ги намалува и симптомите на непријатната горушица.

Ѓумбир: Најголеми бенефиции: против мачнини и болки во стомакот, за ублажување на симптомите на артритис

Неколку истражувања покажале дека ѓумбирот ја намалува болката и отекувањето кај лицата кои страдаат од артритис.

Ѓумбирот е особено полезен за намалување на мачнините и контролирање на нагоните за повраќање. Тој може да ги елиминира стомачните проблеми, а се смета и дека ја намалува главоболката предизвикана од мигрена.

Жалфија: Најголеми бенефиции: против болно грло, за зачувување на помнењето

Сварете си чај од жалфија ако имате проблеми со стомакот или ако ве вознемирува сувото и болно грло. Чајот од жалфија ги намалува болките во грлото.

Прелиминарните истражувања укажуваат дека жалфијата може да олесни дел од симптомите на Алцхајмеровата болест. Во друго истражување студентите кои примале екстракт од жалфија пред испит постигнале значително подобри резултати на тестовите за памтење, а кај нив се подобрило и расположението.

Рузмарин: Најголеми бенефиции: ја подобрува концентрацијата и работата на мозокот

Рузмаринот е моќен антиоксиданс кој го зголемува протокот на крв кон мозокот и го заштитува мозокот од слободните радикали, а со тоа го намалува ризикот од мозочен удар и болести како Алцхајмеровата болест.

Оваа билка ја зголемува будноста и концентрацијата при што води до поефективно извршување на задачи кои се поврзани со помнење.

Рузмаринот често се користи за маринирање на месо и има добра причина за тоа. Тој содржи киселини и супстанции кои се борат против бактериите и го спречуваат расипувањето на месото, а и го прават готвеното месо поздраво.

Се верува и дека рузмаринот го стимулира имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата и ја подобрува дигестијата на храната.

Магодонос: Најголеми бенефиции: за силен имунитет, превенција од срцев удар

Магдоносот е неверојатно богат извор на витамини А и Ц, помага за зајакнување на имунитетот и е особено полезен во заштитата на кардиоваскуларниот систем.

Чајот од магдонос се користи и за олеснување на симптомите при појава на уринарни инфекции.

Џвакањето на магдонос го отстранува лошиот здив, а толчен магдонос надворешно се користи при појава на модринки.

Куркума: Најголеми бенефиции: антиканцерогени својства

Куркума е зачинот кој му ја дава жолтата боја на карито, а најмногу се користи во индиската кујна и медицина. Во последниве години истражувањата сè почесто ја потврдуваат неговата моќ да се бори против ракот. Во неговиот состав влегуваат супстанции коишто го намалуваат растењето на туморите.

Испитувањата покажуваат дека овој зачин штити од рак на дебело црево и од меланом, најсмртоносната форма на рак на кожата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.