Зачувувањето на нуклеарниот договор со Иран е поважно од кога и да е, порача Борел

53

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел, задолжен за надзор на механизмот за решавањето на споровите кои се дел од Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA) за иранската нуклеарна програма од 2015 година потпишан со Иран, ги повика во средата, вклучително и Техеран, да го сочуваат.

„Зачувувањето на JCPOA денес е поважно од кога и да е. Механизмот за решавањето на споровите (кој го востановија Франција, Германија и Велика Британија) бара силни напори и добра верба од сите. Како координатор, очекувам од сите учесници во JCPOA во тој дух да му пристапат на процесот. Целта на механизмот за решавање на споровите не е повторно воведување санкции, туку решавање на прашањата во врска со примената на договорот во рамките на мешаната комисија. JCPOA  е вачно остварување на мултилатералната дипломатија. Склучен е по повеќе години преговарање и друго решение освен него нема.“, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

Британскиот премиер Борис Џонсон во вторникот, сепак, рече дека е подготвен да го замени договорот со нов текст кој го сака Доналд Трамп, оценувајќи дека американскиот претседател е „одличен преговарач“.

Руските медиуми пренесуваат, повикувајќи се на извори од тамошното министерство за надворешни работи, дека Москва смета дека користењето на споменатиот механизам за разрешување на споровите е „неприфатливо“, бидејќи е „спротивен на целите и смислата на JCPOA“.

Договорот потпишан во Виена 2015 година имаше цел да го спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје. Го потпишаа Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност при ОН- САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија и ЕУ. Текстот со кој иранската нуклеарна програма се става под контрола во замена за укинување на санкциите службено останува на сила, иако е нарушен со повелкувањето на САД во мај 2018 година и повторното воведување санкции против Иран. Техеран, откако безуспешно бараше од европските поптисници на договорот да ја заштитат неговата економија од американските санкции, почна со постепеното суспендирање на некои сопствени обврски од договорот.

Во вторникот Франција, Велика Британија и Германија го активриаа механизмот за решавање на споровите во рамките на нуклеарниот договор. Дипломатите од овие земји порачаа дека целта на оваа одлука е да се спаси договорот преку преговори со Иран за тоа што би требало да стори да ги измени одлуките што ги донесе. Целта не е повторно да се наметната санкци во ОН, додадоа. Овие три земји на известија ЕУ за одлуката да го активираат механизмот и оти биле принудени да го сторат тоа поради суспендирањето на Техеран да се придржува до своите обврски.

Шефовите на дипломатиите на трите земји истакнаа дека Ирам одлучил да не го користи механизмот за решавање на споровоти, затпо што „нема правна основа да не го исполнуваат договорот“. Авторите на текстот потсетија дека тројката во декември ги предупредила Иран за можни последици.

„Наместо промена на курсот, Иран одлучи да ги исполнува своите обврски во уште помала мера“, се вели во изјавата по последната фаза од намалувањето на обврските на Техеран објавена на 5-ти јануари.

Министрите забележуваат дека тие го започнале механизмот за решавање на споровите „искрено и во голема цел да го зачуваат нуклеарниот договор, како и со надеж дека ќе најдат начин за излез од ќорсокакот преку конструктивен дијалог и придвижување напред, останувајќи во рамките на договорот. Во документот се истакнува дека Берлин, Париз и Лондон немаат намера да извршат притисок врз Иран, но сакаат да го охрабрат да се врати на извршувањето на договорот.

„Остануваме убедени дека овој иновативен меѓународен договори и неговата примена за неширењето (на нуклеарното оружје) служат на заедничките интереси на политиката на безбедноста и да го зајакнат меѓународниот поредок заснован врз правилата“, се вели во заедничката објава.

Тројцата министри, исто така, изразија благодарност до Русија и Кина кои остануваат во договорот и работата на неговото зачувување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.