Задоволни од досегашната работа и условите за бизнис, менаџерите на овие две компании се одлучиле да градат нови фабрики во земјава и да го прошират бизнисот. Ова, според експертите, е уште една потврда за поволната бизнис клима и услови за инвестиции кои се нудат на македонскиот пазар. Исто така, значи забрзување на растот на економијата и отворање на нови работни места, и понатамошно намалување на стапката на невработеност, пишува Лидер.
Фактот што тие реинвестираат е потврда за сите оние напори и активности кои се направени за подобрување на бизнис климата и она што значи не само задоволување на интересите на странските компании, туку креирање на една многу плодна почва за инвестирање и реинвестирање во нивниот случај, вели Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.
Ван Хул е една од најголемите странски инвестиции во земјава, и воедно компанија која произведува и извезува конечен готов производ „мејд ин Маседониа“. Интересно е тоа што одлуката за реинвестирање компанијата ја носи по само три години работа на македонскиот пазар. Претходно, Ван Хул ја прошири фабриката, а континуирано го зголемува бројот на вработени.
Белгискиот производител на автобуси, „Ван Хул“, работи во зоната во Бунарџик, а идната година ќе започне со изградбата на нов објект со што значително ќе го зголеми производството, бројот на вработени како и извозот од земјава. Истото ќе го направи и италијанскиот инвеститор „Технохозе“, најави премиерот Никола Груевски.
Италијанската „Технохозе“…