Заедничка порака на пет илјади Комити и Гемиџии: Македонците никогаш нема да се предадат

„Македонците никогаш нема да се предадат“, пишува на транспарентот кој денеска беше истакнат од навивачките групи Комити и Гемиџии на првенствениот фудбалски натпревар меѓу Борец и Вардар во Велес.

И Гемиџиите и Комити навиваа за својот омилен клуб, но заеднички навиваа за Македонија и испратија заедничка порака преку големиот транспарент.

Натпреварот, кој е прв прволигашки за ФК Борец по 18 години, заврши без голови 0:0, но ќе остане запаметена заедничката порака на навивачките клубови од Велес и од Скопје.