Заедничка седница на владите на Унгарија и Србија

Во понеделник во Суботица се одржува петтата заедничка седница на владите на Унгарија и Србија, а работата на највисоките функционери на двете соседни земји започна во неделата со средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Вучиќ и Орбан ги констатираа добрите односи меѓу двете земји на највисоко ниво во заедничката историја, како и дека тие се засновани на меѓусебното разбирање и доверба, како резултат на повеќегодишната соработа, пренесува агенцијата Танјуг.

Српскиот и унгарскиот челник разговарале и за можни нови унгарски инвестиции во Србија, како и за конкретни мерки за реализација на заедничките инфраструктурните и енергетски проекти, особено за изградбата на гасоводот Турски тек. Вучиќ притоа му се заблагодарил на Орбан на „отворената и силна“ поддршка на Унгарија за евроинтеграциите на Србија.

Петтата заедничка седница на српската и унгарската влада се одржува во хотел во центарот на Суботица. Практиката на редовните состаници на премиерите и министрите на двете земји започна во јули 2014 година во Белград, а минатата беше одржана во Будимпешта на 2-ри февуари 2018 година, кога беа потпишани 10 конкретни договори.

„Се очекува дека овојпат најмногу ќе стане збор за соработката во областа на сообраќајот, во прв ред за реновирањето на пругата Будимпешта – Белград, градењето и поправката на локални патишта, но и натамошно поттикнување на унгарските компании да вложуваат во Србија“, изјави за суботичката телевизија Pannon заменикот државен секретар во Министерството за трговија и надворешни работи Левенте Маѓар.

Според српските медиумите, унгарскатра влада значителни средства вложува и во проектите на унгарското малцинство во Војводина. Ним минатата им биле одобрени 10 милијарди форинти, малку повеќе од три милиона евра, за вкупно 6.200 економски проекти. Заеднички се користат и европските ИПА фондови за погранични проекти, во кои спаѓаат и обновувањето на железничките траси на линијата Суботица-Сегед-Баја, потоа градење културни центри во местата Морахалом и Палич, како и други програми.