Заем од 125 милиони евра од Светска банка за раст и намалување на сиримаштијата

 

Заем за развојни политики е инструмент на Светската банка кој ги поддржува политиките и институционалните активности во земјата кои промовираат раст и одржливо намалување на сиромаштијата.

Заемот за развојни политики за јавни финансии и конкурентност ја поддржува Владата во реформите за подобрување на управувањето и транспаретноста на јавните финансии и поефикасна јавна потрошувачка, особено потрошувачката за социјална заштита, истовремено правејќи го даночниот систем подеднаков  за сите. Заемот поддржува реформи во енергетиката преку либерализација на енергетскот сектор и зајакнување на обновливите извори. Исто така, ја подобрува јавните набавки преку зголемување на пристапот на понудувачите од приватниот сектор на јавни тендери и зајакнување на пазарната конкурентност, како и преку воведување на инспекции базирани на ризици кои ќе го намалат времето кое компаниите го поминуваат во работа со инспекциите.

„Фискалната конкурентност е од витално значење за поддршка во долгорочниот раст, особено во тековното ранливо надворешно опкружување“, вели Линда Ван Гелдер, регионален директор за Западен Балкан. „Постепената фискална консолидација и реформите во конкурентноста поддржани преку оваа операција имаат за цел да ја зајакната вантрешната и надворешна доверба, заштитат од надворешни шокови и да го забрзаат долгорочниот раст“.

Средствата  се  (доделени) во една транша на Заем за развојни политики во износ од 125,000 000 евра, се со рок на доспевање од 12 години, вклучително 4 години грејс период. Каматната стапка е EURIBOR плус 0,50 процентни поени.

Од првиот заем во 1993 година, Групацијата Светска банка инвестирала повеќе од 2 милијарди долари во Северна Македонија, спроведувајќи 66 проекти во енергетика, патишта, земјоделство, здравство, образование, социјална политика, иновации и вештини. ИФЦ, членка на Групацијата Светска банка насочена кон приватниот сектор, поддржала подобрувања во инвестициската клима и обезбедила околу 400 милиони долари ивестиции во 19 проекти во финансискиот сектор, енергетиката, телекомуникации, фармацевтски сектор, текстил, малопродажба, производство и автомобилската индустрија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.