Заемно признавање на на одобренија за овластен економски оператор со Србија

Валдата на денешната седница го прифати усогласениот текст на спогодбата со Владата на Република Србија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС).

На седницата е усвоена Информација за склучување спогодба помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС), разгледан и прифатен е усогласениот текст на спогодбата, а директорот на Царината Ѓоко Танасоски е овластен да ја потпише.

– Разгледана и усвоена е и информација во врска со новоусогласениот текст на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и Министерството за регионален развој и урбанизам на Република Бугарија, беше разгледан и усвоен новоусогласениот текст и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски беше овластен да го потпише и да ја информира Владата за неговата реализација, соопшти владината прес-служба.