Македонија

Заев: 30 септември е ден за испишување историја

Заев: 30 септември е ден за испишување историја

Ова е одговорност на нашата генерија. Од нас зависи иднината на нашата Македонија, на нашите деца, Никој друг за нас не може да ја донесе оваа одлука. Јас знам дека нашиот мултиетнички народ е исправен сериозно пред крупна одлука и ќе се носи со сериозноста на одлуката. Ќе обезбедиме иднина на нашите деца. Ќе обезбедиме иднина на Македонија, порача премиерот Зоран Заев на граѓанскиот собир пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во Скопје, во организација на Коалицијата Заедно за европска Македонија.

Патриотизам е да си ја зачуваме иднината на нашата татковина, НАТО и ЕУ се единствениот пат и нема алтернатива.

– Поучени од овие 27 години донесовме одлука храбро. Пред се и пред нашите политички партии ја ставивме Македонија. Склучивме договор и стекнавме пријател. Сите мора да знаеме дека договорот е фер и праведен. И двете страни подеднакво добиваат. Ве уверуваме дека со Договорот двете страни добија и овој договор обезбедува перспектива, пријатлество, развој и европска иднина – рече Заев.

Не само што успеавме да го заштитиме нашиот идентитет и јазик, туку, нагласи Заев, успеваме и да го потврдиме и зајакнеме.

– Грција го призна и прифати нашиот македонски идентитет и јазик. Најдовме формула како да се признаеме на темелите на минатото да градиме иднина. Испишавме европска историја. Да бидете горди, оти имаме најдобар договор, што ги исполни вековните аспирации на нашите дедовци и прадедовци – вели премиерот.

Конечно, порача Заев, добивме држава признаена од сите и од целиот свет, каде живее доминантно македонски народ, признаен од целиот свет, што зборува македонски јазик, призанен од целиот свет.

 

 

– 30 септември е ден за избор. Ден за акција. Не е ден за седење дома. 30 септември е ден за испишување историја, за европска Македонија. Излези за европска Македонија, порача Заев.