Заев ја утна: Со „нула корупција и криминал“ нема социјална правда! (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев денеска го презентираше планот против корупцијата, помпезно најавувајќи дека нема веќе да има чување предмети по фиоки, чекање на шалтери….

„Милост нема да се има, ама баш за никој, бидејќи со „нула корупција и криминал“ нема добро здравство, нема добра економија, нема високи плати, нема одлично образование, нема култура, нема социјална правда, нема правичност од било каков карактер. Решени сме да опстоиме на тој пат“, храбро посочи премиерот.

Понекогаш навистина треба храброст за да се каже тоа што навистина се мисли. Дали тоа е така во овој случај, или пак станува збор за уште еден во низата лапсузи на Заев, ќе видиме….