Заев ја втурна Македонија во енергетска криза, власта нема план

Заев ја втурна Македонија во енергетска криза, а МЕПСО само за еден месец треба да плати 15 милиони повеќе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Неизвесно е како ќе се произведува струја во зимскиот период. Хидро акумулациите се празни. Термоелектраните ќе увезуваат скап јаглен, за кој уште не знаеме и дали и по која цена ќе биде увезен. Додека ТЕЦ Неготино е неподготвена.

Заев ги испразни хидро акумулациите и тие се под минимумот.

Во РЕК не се копаше јаглен и претпријатието е оставено без залиха со јаглен за само неколку дена до две недели. Сега таа своја неспособност и трчање по тендери ќе ја плаќаме со увоз на скап јаглен од странство, кој ќе треба да се транспортира со камиони до РЕК Битола, тоа се 400 – 500 камиони на ден, кои ќе го оштетуваат патот, но и ќе влијаат лошо на животната средина заради целата прашина која ќе биде присутна при превозот на јагленот, стои во партиското соопштение и се додава:

„ТЕЦ Неготино не е подготвено, и се е оставено на случајности.

Власта нема план, а тоа се гледа и по кражбата на струја од европскиот систем која само за еден месец ќе не чини 15 милиони евра како држава.

Со оваа власт не чека енергетска неизвесност и криза. Оваа влада нема капацитет да се справи со кризата“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.