Заев: Јас сум првиот кој застана за двојазичноста, не Албанците!

Поранешниот премиер Зоран Заев во своето гостување на Клан телевизија, вечерва се самопрогласи за авангарда и рече дека бил првиот кој застанал зад двојазичноста.

-Јас сум тој којшто беше авангарда на законот за јазиците, како Македонец, Албанците стоеле секогаш позади него, се бореле, јас сум првиот што застана, рече Заев во врска со законот за јазиците и во врска со албанскиот јазик.

Додаде дека го „ослободил“ албанскиот јазик и со тоа добиле Македонците и не треба да се имаат резерви. Истакна дека имале проблеми со ДУИ и со дел од партиите не можеле да се договорат во однос на прашањето за јазиците.

„Во раководството на ДУИ има луѓе коишто не ме сакаат“, реле Заев и додаде дека може да бира со кого сака да биде во коалиција, затоа што со сите албански партии стои во комуникација.

Во СДСМ, според него, сериозно размислуваат и дека можно е предизборна соработка или коалиција со некоја албанска партија на предвремените избори.