Заев барал стопанството во ист удар да го преживее корона вирусот и изборниот процес

Извори од лидерската брифираат дека Заев кажал дека стопанството во ист удар мора да го преживее коронавирусот и изборниот процес и дека демократијата е скапа работа.

Тој посочил дека сега и онака нема пари на светскиот пазар па така голема финансиска инекција не може да се очекува во наредните месеци. Политичкиот живот мора да тече, а граѓаните мора да се прилагодуваат на ново настанатата состојба и самите да стекнат имунитет од заразната болест со тек на времето.

Заев рекол дека тоа е реалност и тоа мора да се прифати бидејќи секој ден мора така да се живее. Демократијата било скап систем кој мора да има приоритети и директна финансиска потркепа.