Заев бега од „лидерска“ со Мицкоски, за да не открие што договорил со Софија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера повика на лидерска средба на која би се разговарало за актуелните случувања на политичката сцена.

Откако тој обелодени скандал во телевизиско интервју дека Бугарија бара договор сличен на Преспанскиот, вчера беше прашан дали имал комуникација со Бујар Османи поврзано со преговорите со источниот сосед.

Видете, како политичка партија прво имавме став по таа би рекол помалку несмасна и несреќна изјава на господинот Османи. Со жалење, морам да кажам дека е таква изјавата. Навистина очекувам малку повеќе политичка култура од него. Ставот беше следен, а тоа е дека вака сериозни прашања не се решаваат по телефон. Вака сериозни прашања се решаваат на лидерска средба на маса. Еве, ја користам оваа прилика да ги повикам лидерите на релевантните политички партии, не зборам за оној кој што ги организираше претходните лидерски средби кои што завршуваа со фијаско, туку релевантните политички партии, да седнеме и да разговараме отворено за прашањето кое што денеска  е актуелно, а тоа се преговорите со нашиот источен сосед. Тоа е многу важно“, истакна Мицкоски.

Но, на Зоран Заев очигледно не му е во интерес да се зборува за проблемите со кои како држава се соочуваме. Додека тој во Бугарија тргува со македонската историја, тоа го крие од народот. Премиерот е и повеќе од свесен во каква состојба е донесена државата и граѓаните поради расипничкото владеење на неговата партија и поради катастрофалната неодговорност во време на корона-кризата, здравствена и економска.

Премиерот Заев не го прифати барањето на Мицкоски да седнат на заедничка маса и отворено да дискутираат за сите отворени прашања, вклучувајќи го и ризикот од можно вето. „Мицкоски не сака договор, бара само начин како да и наштети на државата“, вели Заев за Телма.

„Не гледам потреба од лидерска средба, особено со човек кој нема став за ниту едно важно национално или стратешко прашање. Мицкоски не е за договор на која било тема, тој бара начин како само да и наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ“, истакна Заев.

Од една страна Мицкоски на тема договор со Бугарија вели дека за него нема компромис – за Гоце Делчев нема да дозволи да има преговарање! Затоа тој сака лидерска средба.

Од друга страна, Заев кој потпиша штетен договор со Грција и го смени нашето уставно име, во Бугарија ветувал се и сешто како народот и историјата да се во негова сопственост. Кога дојде време Бугарите да го уценуваат за да им го испорача тоа што го ветувал, Заев одбива лидерска средба.