Заев: Без ДУИ имаме 58 пратеници

Премиерот Зоран Заев во вторникот вечерта пред координацијата во неговата СДСМ ва изјави дека без ДУИ имаат коалиција од 58 пратеници.

Имаме коалиција од 58 пратеници. Ако ги одземете десетте пратеници на ДУИ, имаме 58, значи немаме 61. Така да, тоа не е баш така едноставно, затоа сериозните политички субјекти сериозно пристапуваат на сите проблеми. Прво ги наоѓаат причините, второ ги дават одговорите пред јавноста и трето даваат заклучоци кои што би значеле ако се направени некои грешки, како да не се повторат тие грешки. Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири е сериозна функција во партијата, а секако и во државата преку пратеничкиот мандат. Вредно е да се разгледаат сите аргументи и од Зеќири, како и од сите други пратеници, да ги слушнеме и нашите партнери ДУИ за да можеме на крајот да донесеме заклучоци,– кажа Заев.

Владејачката СДСМ вечерва одржува координација на која ќе се разгледуваат сите актуелни политички случувања, меѓу кои треба да стане збор и за можноста за заеднички претседателски кандидат на претсојните избори закажани за април.

Исто така, социјалдемократите ќе разговараат и за односите со коалицискиот партнер ДУИ, по ескалирањето на тензиите по неможноста да му биде одземен пратеничкиот мандат на Трајко Вељаноски, за што СДСМ ги обвинвува „интегративците“ на собранискиот спикер Талат Џафери.