Заев: Чулев да ги викне на распит и Мицкоски и Камчев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во однос на распитот за Ден Дончев, рече дека внимателно го следи случајот и дека начинот на кој министерот за внатрешни работи Наќе Чулев сака да го прикаже е заради политички цели.

– Внимателно ги следам сите развои на настаните од ваков аспект заради тоа што Ден Дончев беше директор на Фондот за здравствено осгигурување. Јавното обвинителство води истрага на еден од поранешните, сегашните, сопственици на Диамед, а секако има истрага и за Диамед, а начинот на кој Чулев сака тоа да го прикаже е секако е нешто што е заради политички цели. Обвинителството дава налог некој да биде повикан, да биде сослушан, да биде изведен пред истражен судија. Министерот Наќе Чулев тоа го прави заради политички маркетинг, рече Заев.

Тој, како што кажа, очекува во полиција да бидат повикани и лидерот на опозоцијата Христијан Мицкоски, Орце Камчев осомниен во случајот „Империја”, според истите аршини како што го направиле со Ден Дончев.