10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Заев: Да им оддадеме почит на сите што ги бранат правата на ЛГБТИ заедницата

Премиерот Зоран Заев по повод меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата на фејсбук напиша:

Денеска е Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. Убав ден и повод за да им оддадеме почит на сите што ги бранат и промовираат правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата. Убав ден и да порачаме дека во борбата за еднакви можности, без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, секој може да го даде својот придонес. Солидарноста и промоција на правата за сите луѓе што припаѓаат на обесправените групи или во ранливи ситуации, станува одлика на нашиот концепт „Едно општество за сите“, напиша Заев на Фејсбук.