Заев: Да му дадеме шанса на сонот на нашите генерации

37

Премиерот на државата, Зоран Заев во новогодишното обраќање на јавноста, посака успешна година, и како што рече, да се даде шанса на сонот на нашите генерации.

„Доаѓаме до крајот на една од најважните и најчувствителните години за нашата земја. Година на интеграциите. Година кога избравме иднина, наместо неизвесна изолација.

Денес, нашата држава е на чекор да стане членка на НАТО и пред почетокот на преговорите со ЕУ. Градиме држава по европски стандарди.

И додека ја испраќаме 2018 година, во пресрет на деновите кога низ целата земја се собираат семејствата и пријателите за да се прослават празниците, да се подготвиме за моментите исполнети со радост, задоволство и просперитет на секој план.

Во тој дух да го поддржиме и да му дадеме шанса на сонот на нашите генерации.

Почитувани граѓани, ви посакувам успешна, економска и интеграциска година, добро здравје и ведар дух“, рече Заев

Skin Delight