Заев до Бугарија: Македонија е исто што и Република Македонија

Премиерот Зоран Заев вели дека сите информации укажуваат на тоа оти Бугарија заедно со претседателските во ноември ќе има и нови трети парламентарни избори и се надева дека по нивното завршување ќе биде формирана нова бугарска Влада, со која ќе може да се разговара за да се најде решение и да се одблокира процесот на почеток на преговори на  Македонија за членство во Европската унија.

Имајќи го тоа предвид, јас очекувам дека крајот на ноември, целиот декември можеме да ги заокружиме прашањата заради тоа што ние ги имаме адресирано сите прашања. Како што реков преку патоказот ги имаме сите адресирани коишто значат гаранции преку рокови и надлежни институции за зголемување на ефикасноста на реализацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.  Истовремено сме подготвени и тоа јавно го апелирам да стигне и до Бугарија да ги номинираме двете ноти дипломатски, а тоа е првата нота дека Македонија е исто како Република Македонија, се однесува на територијална суверена целина на државата Република Македонија, дека немаме територијални претензии према ниту една од соседните држави, вклучително и Бугарија и слично и да ги испратиме секаде каде што тоа е потребно, вклучително ЕУ, до Бугарија, до соседите, до ОН нема проблем со оваа работа, рече Заев во одговор на новинарско прашање по одбележувањето на реконструкцијата на Бит-пазар.