Претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за ТВ Сител уверува дека на претстојните локални избори на 17-ти октомври СДСМ ќе добие голема поддршка, со својата понуда на најдобрите кандидати и најдобрите програми.
„Ќе победиме и бројот на освоени општини, победа на Град Скопје како 1/3 од населението во нашата земја потоа, вкупиот број на советници кои се освоени, вкупниот број на гласови кои се освоени оттука се прави сублиматот кој е победник а кој поразен во државата. Јас верувам дека ќе добиеме голема поддршка, верувам дека граѓаните се свесни за сите наши слабости но се свесни за сите наши предности и ќе направат сериозна компарација со останатите кандидати од сите други понуди партиско политички, коалициони и независни листи“, порача Заев
„Целосно сум растеретен за одлуката на граѓаните мене ми е важно да испорачаме најдобра понуда, направивме над 80 анкети, со кои проверуваме што е најважно во секоја општина, на што граѓаните даваат предност, и оттука произлегуваат материјалите за составување на програмите на нашите кандидати. Затоа верувам дека ќе излеземе со најдоброто на локалните избори, со најдобрите кандидати и најдобрите програми“, додаде Заев.