Заев е кочничар на правосудниот систем

Премиерот Зоран Заев го руинираше правниот систем преку уцени, закани и поткупувања. Заев треба да ги тргне неговите валкани раце од правосудството, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев е кочничар на правосудниот систем во Република Македонија. Откако Заев дојде на власт царува криминалот.  До каде се истрагите во обвинителството за сите оние криминалии којшто се поднесени обвиненија од страна на ВМРО-ДПМНЕ и од страна на граѓаните за актуелни случаи. Зошто не се поведе да се види до каде е случајот „Рекет 2“ во обвинителството, до каде е „крвави тендери“, до каде е „изборниот поткуп“, до каде се сите оние поднесоци, до каде е „Леонардо“, до каде е „Тополки“, до каде е ДКСК  со истрагата за „Глобал“ којшто  сама го отвори за Зоран Заев, порачуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат: Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот „Рекет“.

-Заев не го интересира Македонија и иднината на нејзините граѓани. Заев го интересира личното богатење и заштитата на криминалот.  Ова не е правна држава. Ова мора да се смени и ќе се смени откако криминалот и корупцијата ќе бидат поразени на 12-ти април, велат од ВМРО-ДПМНЕ.