Заев е најголемиот измамник во историјата на македонската политика

Зоран Заев е најголемиот измамник во историјата на македонската политика, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Последна во низата измами е воведување на прогресивен данок и наводните големи придобивки од тоа. Вчера Заев призна дека и тоа лажел. После само неколкумесечна неуспешна примена го укинаа. Заев и СДСМ тонат. Тие се синоним за лага. Пред 4 години Заев ветуваше попис, попис нема. Пред година ветуваа датум, датум нема. Со години ветуваа чист воздух, чист воздух нема. Пред избори ветуваа враќање на иселените од државата. Не само што не сторија ништо за да ги вратат, туку многу повеќе млади се иселуваат, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека кога создаваа влада ветуваа чесна работа, а гледаме криминал, корупција, рекет и Луј Витон чанти полни со милиони.

-Ветуваа бројчаник за вратени пари, бројчаник нема. Секоја политика на измамникот Заев доживува неуспех. Конечно од низата неуспеси на Заев последен и најважен за граѓаните ќе биде неговиот изборен пораз. Измамникот Заев заминува во историјата и тоа на нејзината срамна страна, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.