Заев: Ќе продолжиме да земаме кредити и да се задолжуваме

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во вечерашниот ТВ дуел на Македонската телевизија рече дека СДСМ и понатаму ќе продолжи да зема кредити и да ги задолжува граѓаните.

Апсолутно ако има потреба и понатаму ќе продолжиме да зимаме кредити и да штедиме за непродуктивни трошоци за да помогнеме на граѓаните, рече Заев.

Имено, на ТВ Дуелот, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски го обвини Заев дека со погрешните политики кои ги водат тој и СДСМ го задолжиле секое семејство до плус 52 илјади денари или 850 евра, односно како што рече тој ова задолжување односно огромен дефицит и служи на СДСМ само за поткуп на овие предвремени парламентарни избори.