Заев: Ќе разговараме за влада која ќе се грижи за сите граѓани

25

СДСМ, која на парламентарните избори освои 46 пратенички мандати, од денеска ги почнува преговорите за парламентарно мнозинство и за формирање влада која ќе има полн четиригодишен мандат, изјави во вторникот лидерот на партијата Зоран Заев по завршувањето на денешната конститутивна собраниска седница.

Заев најави дека во следниот период ќе се одвиваат разговори на „повеќе нивоа“ и очекува дека за 10 до 15 дена ќе има исход од овие преговори. Рече и дека ќе разговара со лидерите на политичките партии и штом има некаков напредок ќе ја информираат јавноста.

„Од денеска почнуваме преговори за четиригодишен полн мандат кој ќе ни донесе четиригодишна влада која е подготвена да сработи. Ќе разговараме за влада која се грижи за сите граѓани ослободена од етнички предрасуди и која нема никакви дилеми – Северна Македонија, едно општество за сите. Ќе разговараме за влада која ќе се бори против корупцијата и криминалот. Особено внимание ќе се посвети на делот за прочитување на судството и потеклотоо на капитал кај секој функционер“, истакна Заев.

Еден од приоритетите, како што тврди, ќе биде и „сериозната реформа“ во администрацијата и нејзиното намалување за 20 проценти, помалиот број министри, односно кратење ќе има кај министрите без ресор.

Во фокусот на идната влада, како што најави Заев, ќе биде и економијата, продолжување на растот на платите, вложувањето во младите, рамномерниот регионален развој, поддршката за прватниот сектор и грижата за најсиромашните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.