Заев ќе се повлече од функцијата по годишното обраќањето на Пендаровски во Собранието

Премиерот Заев ќе се повлече од функцијата по годишното обраќање на шефот на државата Стево Пендаровски во Собранието, обвјави Дојче веле од неофицијални извори во владејачката коалиција.

Не се наведува дали тоа ќе се случи истиот ден или ден потоа, но намерата на премиерот била да се повлече пред крајот на годината, со цел да почнат да течат роковите за нова влада, и тој процес да заврши до средината на јануари.

Засега нема официјална потврда на овие наводи, но сосема е извесно дека крајот на оваа и почетокот на идната година ќе биде политички интензивен – од една страна е барањето за предвремени избори од страна на опозицијата, а од друга – намерата на актуелното мнозинство да формира стабилна влада која ќе ги води процесите до крајот на мандатот.