Заев е топ-шоп мандатар, секогаш ветува дека може повеќе, рече Јанушев

Пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ во денешната дискусија во Собранието, повторно упати остри критики кон владата и ја нарече топ шоп влада која само нуди нови производи.

Ги обвини за многуте афери кои ги имаат, тендерите и лажните ветувања. Заев го нарече топ шоп мандатар. Упати и критики кон Шекеринска и ја обвини дека во нејзин мандат, половина Армија заболела од кронавируст, а наместо домашни тендери добивале странски компании за шиење на опремата за војската.

Јанушев не штедеше остри зброви и за Заев и неговите ветувања, но и за Филипче. Обајцата ги обвини за афери.

-Заев е топ шоп мандатар, зошто тој секогаш вели и ветува дека може повеќе. Три години го слушаме како ветува и секоја година е така, вложување во култура и во истиот момент кога за културните работници нема плата, рече Јанушев, а во однос на министерот за здравство праша: Како треба јавноста Филипче да ве нарекува со 600 мртви?, праша Јанушев.

Тој се осврна и на пропаѓање на Еуростандард банкаж.

-Еуростандард пропаѓа, а нашиот топ шоп мандатар ветува економија, рече Јанушев.

На оваа изјава следеше реплика од мандатарот Зоран Заев.

-Господине Игор Јанушев тешка е помислата дека уште 4 години ќе бидете во опозиција, нема топ шоп влада него Дормео опозиција преспавте додека се решаваа прашањата и отворените проблеми го истеравте народот од државата, реплицираше Заев.