Заев е во паника, а Катица Јанева си чита имиња и сама ги суди

141

Зоран Заев е исплашен од храброста и решителноста на македонскиот народ кој не потклекна на сите притисоци и манипулации и на референдумот покажа дека по ниедна цена нема да поддржи антидржавни политики со кои се брише името Република Македонија, идентитетот, историјата, традицијата и културата. Зоран Заев е во паника затоа што не помина неговата капитулација и граѓаните го осудија обидот да добие амнестија за сопствените криминали преку штетниот договор со кој ги прифати грчките црвени линии“ порача денеска Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноска истакна дека „Заев тргна со реализација на планот Б, а тоа е игнорирање и газење на волјата на сопствениот народ. Заев тргна со обид да ја заплаши опозицијата преку нарачан политички прогон и злоупотреба на институциите. Заев е свесен дека ВМРО-ДПМНЕ било со народот и дека секогаш ќе стои на браникот на државните и национални интереси и затоа сега бара помош од неговите послушници во СЈО. Вчерашниот настап на СЈО е уште една потврда дека Македонија не е веќе правна држава. Не постојат ни закони, ни Устав. Катица Јанева си чита имиња и сама ги суди. Катица Јанева сама закажува рочишта, ги диктира процесите и ги прозива судиите што не и се по волја. Зоран Заев ги нарачува предметите и кажува која мерка и која пресуда е преостра или преблага“.

ВМРО и Македонија издржале низ историјата многу ликови како Зоран Заев и неговите извршители. Ќе биде издржан и тој и сите злодела на неговиот криминален картел. Македонија ќе победи, а одговорност за се што прави Заев и неговите послушници ќе има кога ќе се врати правната држава. Додека Зоран Заев го гази правото и правдата и нарачува истраги и пресуди, трае општиот грабеж кој го реализираат неговите роднини и соработници. Додека Заев тргува со највисоките државни и национални интереси спротивно на волјата на народот, неговиот брат Вице си купува комбинати по цена на гарсониера, си добива лиценци за одгледување марихуана, гради и ископува каде сака, колку сака и како сака. Камиони на Заеви се ангажираат од државни компании, милиони евра се делат за криминални иновации, вели Дафина Стојаноска.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.