Заев е за продолжување на корона рестрикциите во наредните 6 до 8 месеци

Мандатарот Зоран Заев, за време на претставувањето на новата владина програма пред пратениците, најави дека рестрикциите воради епидемијата на корона вирусот ќе траат и во наредните шест до осум месеци.

-Пандемијата од корона вирусот веројатно ќе се влоши. Ги повикувам сите граѓани, да ја сфатат оваа голема веројатност за сериозност. Треба сите да знаете дека животот во наредните 6 до 8 месеци во услови на Ковид 19 ќе биде многу потежок со сериозни проблеми отколку летото, рече Заев во своето експозе пред Собранието на Република Македонија.

Освен што порача дека периодот пред нас носи нови предизвици, Заев најави, како што рече, инвестиции во здравството.

Мандатарот ги претстави и предлозите за новата влада пред пратениците. Тој рече дека станува збор за углаедни и мотивирани личности, чии претходници носеле тешки одлуки.

-Држете се до интересите на граѓаните и слушајте ги вашите гласачи. Имате привилегија во вашата работа да донесете добро за државата и искористете ја. Секој од вас е одговрен и нема толеранција кон оние кои ќе г прекршат закнот и етичките норми. Кој ќе ги прекрши очекувам оставка и разрешување. Закнот да важи еднакв за сите – им порача Заев на кандидатите за министри