Дали Заев ги ангажира експертите од Србија оти е незадоволен од Поповски?

Судењето за Пуч одложено за септември

Дали Заев не е во целост задоволен oд советникот за комуникации и креирање политики Роберт Поповски, па ги ангажираше советниците од Србија, кои пак се поврзани со корупциски скандали, но и со пропагандата во Косово по која се случуваат масовни протести и судири меѓу полицијата и Србите на Косово во кои има и жртви?

Порталот „Република“ неодамна објави дека додека земјата тонеше во политичката криза, „белградската врска“ ја креирала стратегијата на СДСМ, неретко со силни кавги и со викотници на српски јазик за неспособност и за потреба од водење на интелигентна политика. Исто така, Република пишуваше дека е непознато колку пари и преку кои канали Заев ги плаќал советите.

Тука се поставува прашањето дали лидерот на СДСМ Заев, имал потреба да ги ангажира советниците од Србија, затоа што не е задоволен од работата на Поповски, за кого партиски извори за Нетпресс брифираат, дека наводно го интересирале само финансиски средства.

Велиновска: Леле Црни Бранко кој те брани

Инаку, ова не е прв пат Поповски, кој претходно се претставуваше како независен новинар, да биде ангажиран за партиски цели на СДСМ и да ја изгуби битката. Одделни колумнисти уште во минатото го поврзуваа Поповски со СДСМ.

Велиновска: Леле Црни Бранко кој те брани
Велиновска: Леле Црни Бранко кој те брани

За политичката наклонетост на Поповски кон Црвенковски и СДСМ пред неколку години во периодот кога Роберт беше активен со емисијата X/0 пишуваше и Мирка Велиновска. Во колумната за неделникот Фокус, Мирка под наслов „Леле Црни Бранко кој те брани“ ќе напише:

Роберт Поповски кој по учеството во многу славни битки со право го носи герилското име командант Пушинела. Му паднало на мегдан да дели во амбиент на студиото каде вообичаено со певаљки два на еден, војува Драган Вучиќ. Има таму некои иксови и нули како декор што треба да асоцира дека пред наши очи се одвива двобој во живо, во кој до последната минута не се знае дали ќе победи снаодливоста или спремноста на борците кои се тепаат со зборови. Има и две страни, една наспроти друга, демек како за дијалог. Ама со Роберт го знаете исходот на секоја битка. Туго!, пишува Мирка Велиновска.

Во продолжение за Роберт Поповски и за неговата поврзаност со СДСМ, Мирка ќе напише:

Тој е храбриот бранител кој решил на браникот на Б.Ц.  да го положи сиот свој професионален капацитет од Карпалачката заседа…

За рефереднумот за територијалната организација Мирка пишува:

Роберт во емисијата прашува Што ако успее референдумот. (за кој Бранко од петни жили се трудеше да не успее) ќе ја превземете ли одговорноста за состојбите во државата? Во превод народе мисли му ја ако победиш? Веројатно командант Пушинела (Роберт Поповски) после секоја емисија оди во генерал штабот за да ги разгледа ефектите од битката за Македоња.

Меѓудругото Мирка пишуваше дека Роберт има и еден нов автомобил џип и дека народот нема врска за материјалните тековини на пријателите на Б.Ц.  На крај Мирка ќе заврши:

Бранко црни Бранко на што дереџе си спаднат, кога вакви вони те бранат. Или маката ти е многу голема или нема друг, попаметен по твоја агенда да тргне!.

Инаку, непосредно по изборот за претседател на паритијата Зоран Заев го промовираше Поповски како советник за комуникации и креирање политики во СДСМ. Но, по информациите објавени во Република дека на „Павелшатевска“  се почесто се одржуваат средби со советниците од Србија, се поставува прашањето дали Заев не е задоволен од ангажманот на Поповски, па му било неопходно да ги активира и ваквите странски експерти?

Сдсмовците чекаа американски или британски, а добија српски експерти

Според неофицијалните информации до кои дојде Нетпрес од извори од партијата, наводно Заев ги лажел членовите на партијата дека ангажирал Американци и Британци, луѓе блиски до Алистер Кемпбел.

Како што дознаваме неофицијално, во СДСМ ги очекувале луѓето на човекот кој е поранешен советник на британскиот премиер Тони Блер и на косовоскиот премиер Хашим Тачи, а биле мошне изненадени кога во партијата редовно почнале да доаѓаат и да им издаваат наредби советниците од Србија.

„Република“: Кој го кара Заев на српски?
„Република“: Кој го кара Заев на српски?

Набргу по ова, како што неофицијално дознаваме, членовите на партијата на Заев откриле дека станува збор за ПР тимот на градоначалникот на Нови Сад и дека место американски и британски добиле бањалучки ПР тим.

„Република“ претходно повикувајќи се на изјави на соседите и новинарските екипи пишуваше дека пред седиштето на партијата многу често е паркиран сив џип со белградски регистарски таблички.

Неделникот пишуваше дека повеќе месеци во редовни тајминзи, најмалку еднаш во две недели, тројца луѓе со овој автомобил доаѓаат во штабот на СДСМ на средба со раководството. Тие биле „белградската врска“ која на СДСМ и Заев им нуделе помош во односите со јавноста и помагале во креирање на стратегиското дејствување. Во целата логистика, клучни биле тројца луѓе: Иван Бендер, Милјан Шчекиќ и уште еден познат естраден менаџер.

Никој незнае колку пари чинат советитите на српските експерти

Засега нема информации колку пари издвојува Заев за советите на српските совети. За ова нема официјални информации ниту од страна на Агенцијата, односно ПР тимот, ниту пак од страна на Заев.

Доколку наплатата на услугите оди законски, плаќањето мора да се одвива преку македонски банки и истото да биде евидентирано, што би покажало на крајот колку тоа ги чинело. Доколку пак не се покаже во финансискиот извештај дека партијата платила за услуги кон агенцијата, тогаш прашањето е по кои канали и со кои црни пари биле наплатени советите?

Во СДСМ расте незадоволството

И додека во близина на централата на СДСМ на улица „Павел Шатев“, како што тврдат извори за Република, периодично се слушале разговори на висок тон од партиското седиште, кои неколкупати завршувале и со силни кавги и со викотници во кои на српски јазик се посочувало на „неспособност“, како и дека било потребно „водење на интелигентна политика“, незадоволството меѓи членовите во партијата се повеќе расте.

Според нашите сознанија, членовите на партијата наводно биле незадоволни затоа што СДСМ двои огромни пари за ангажманот на српските експерти, а ефектот  што го добиваат за возврат е минорен.

Според анкетите на јавното мислење, не само што рејтингот не се менува, туку СДСМ уште подлабоко тоне, односно ВМРО – ДПМНЕ ја зголемува разликата и ги остава социјалдемократите уште подалеку зад себе.

Во некои испитувања анкетите се движат дури во сооднос 1 наспрема 1, 8, што е речиси двојно поголем рејтинг за владејачката партија.

Дали на СДСМ му се случува нова Надеж

„Надеж“ е името на стратегијата на СДСМ платена со 340.000 евра народни пари, со која место со изборна програма, партијата треба со притисок и насила да ја заземе власта. Една половина од таа платформа се состои од директна или од индиректна злоупотреба на медиуми. Според аферата „Надеж 1“, Кабинетот на тогашниот претседател, Бранко Црвенковски, летото во 2007 година ги ангажирале Словенците Дејан Верчиќ, Дијана Гутеша и Пеѓа Ашанин-Голе, од кои првите двајца се од словенечката агенција за односи со јавноста „Пристоп“, за стратешки совети и за консултански услуги. Цената е 340.000 евра за две години советување.