Заев, Филипче и Спасовски се директно одговорни за загрозувањето на здравјето и животите на граѓаните

На министерот за здравство Венко Филипче и на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а и на новниот сопартиец и технички министер за заминување Оливер Спасовски, се покажа дека политиката и тендерите им се поважни од здравјето на граѓаните, ама и од животите на граѓаните, констатираше во понеделникот Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

„Има голем број на новозаразени во деноноќие, има голем број на починати во деноноќие, Македонија води по црните статистики, како по број на заболени на милион жители, така и по број на починати на милион жители, но ова не е тема, уште помалку приоритет за Филипче, Спасовски, ама и за Заев“, рече Стојаноска.

Укажа на последните настани на кои беше сведок целата јавностм на забави во преполни ноќни клубови каде што ниеден од посетителите не носи маска и воопшто не се запазува физичката дистанца.

„Ама не е тоа важно, важно е што објектот бил во сопственост на нивни другари, на друштвото на Заев. Кога станува збор за друштвото на Заев ништо не е важно, не се ни помислува на здравјето на граѓаните. Додека Заев и неговото друштво ги интересира личниот профит, инспекторите најавуваат кривични пријави“, рече Стојаноска.

Според неа, поранешниот премиер и фунцкионерите од неговата партија на ваков начин директно го загрозуваат здравјето и ги загрозуваат животите на граѓаните.

„Ако вака се продолжи со загрозување на здравјето и животите на граѓаните, вината оди на адреса на Филипче и Спасовски, како и на нивниот партиски претседател Заев кој е занесен во лагите и сторувањето на криминал. Неспособноста за справување со корона кризата е видлива, како никогаш досега. Неспособноста на Заев и неговите Филипче и Спасовски се плаќа со здравјето и животите на граѓаните“, заклучи Стојаноска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.