Заев: Франција може да биде мотор на проширувањето на ЕУ со Западен Балкан

Премиерот Зоран Заев во четвртокот вечерта од Париз порача дека е инспириран што добиваме толкава силна поддршка од Франција за евроинтеграциите на Македонија.

„Силно верувам дека Франција може да биде мотор на проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан. За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време“, напиша Заев на социјалните мрежи.