Заев – Гаши втора средба во Клубот на пратеници

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, попладнево пристигнаа во Клубот на пратениците на разговори за вклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство.

Ова е втора средба на Заев и Гаши, откако на 19 ноември тие разговараа за условите и за улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи.

Централното претседателство на Алтернатива во петокот го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза, додека на седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа исто така во петокот, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.