Заев ги демантира Ременски и Шекеринска – не бил жртва на хибридна војна

163

Премиерот Заев наспротив тврдењата на политичките аналитичари, но и на неговите блиски соработници кои застанаа во негова одбрана по скандалот со руските пранкери кои успеале речиси една година да го лажат дека комуницира со поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Заев денеска вели дека шегата на Русите познати како Вован и Лексус е приватна работа и тврди дека зад тоа не стои Руската федерација, иако и во своето првично толкување на скандалот рече дека зад ова стојат анти-НАТО структури кои се обидуваат да ја спречат евроатлантската интеграција на земјава.

„Сметам дека овие пранкови или фејк перформанси претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација и не смеат ваквите работи да се испречат пред нашите пријателски односи. Соработката со Руската Федерација е една од нашите цели, зајакнување на таа соработка на економски и на секаков план“, нагласи Заев.

Оваа изјава на премиерот е комплетен демант на објаснувањата и тврдењата како на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, така и на пратеничката, инаку и професор на Факултетот за безбедност, Фросина Ременски. Според нив, премиерот Заев е жртва на хибридна војна со цел да се загрози патот на Македонија до членство во НАТО.

„Овој тип на специјална војна, на хибридни закани, изјави денеска Шекеринска по посетата на Центарот за обука на пилоти во Петровец, не се нешто ново и брзо ќе треба да се прилагодуваме кон овие нови закани. Во такви ситуации, истакна, нема да се бираат средства и напомена дека истиот инструмент бил искористен и со генералниот секретар на НАТО, со францускиот претседател и со серија први луѓе во меѓунарондата политика“, изјави министерката за одбрана вчера.

За Ременски руските пранкери користеле хибридни алатки со цел да го измамат Заев и да и наштетат на државата.

„Пласирањето на лажни вести е само еден дел од информациската, специјална, хибридна војна. Хибридниот продукт во случајот со премиерот Зоран Заев е доказ дека сме таргет на хибридни закани како земја,“ смета Ременски.

Изјавите на соработниците на Заев доаѓаат откако премиерот се најде под силен притисок од јавноста, но и од опозицијата, поради прекршувањата на сите протоколи и безбедносни препораки во комуникацијата со руските пранкери. Опозицијата побара одговорност од Заев и неговиот кабинет, повикаа на оставка и предвремени избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.