Заев ги избрка младите, над 40 отсто од високообразовниот кадар замина во странство

Одливот на високообразовани луѓе во Македонија станува сериозен проблем. Заминувањето на високообразовани граѓани во странство резултира со недостиг на образован и квалификуван кадар во фирмите во земјава.

Во 2010-та година, според проценките на Светска банка 29,1% од високо образованите луѓе во земјава заминале да живеат или работат во странство. Девет години подоцна состојбата е драстично влошена.

„Според последните податоци и издадената анализа во 2019-та година стапката на високо-образован кадар што живее и работи во странство е особено висока и изнесува скоро 40% или повеќе од една третина од високообразованиот кадар“, нотира анализата „Владино планирање – ефективност на владините мерки за справување со ризиците на пазарот на труд и начинот на планирање на средствата за надминувување на истите“ на државните ревизори.

Министерството за внатрешни работи регистрирало 5.000 нови луѓе кои пријавиле престој во странство – или ја напуштиле Македонија. Според Државниот завод за статистика, пак, само за една година за повеќе од четири пати е зголемен бројот на отселени граѓани со високо образование, драматично се зголемува бројот.
Зоран Заев пред да стане премиер ветуваше дека сите иселени лица од Македонија ќе ги врати во државата, а другите ќе ги задржи. Но тој не ги задржа граѓаните дома, а другите иселени не ги врати.

Премиерот Зоран Заев на настан на 04.12.2016 година пред граѓаните рече –„Еве овде во овој План за живот во Македонија се содржани сите ваши планови за вашите животи. Затоа што Планот го пишувавме заедно. Затоа што овој план заедно го поставивме на наука, историја и факти. Затоа што го зедовме најдоброто од светот за да го донесеме светот во Македонија. За децата да ни се вратат од странство, за и ние да го видиме нашиот живот, нашиот добар живот, овде“.
„Јас сум сигурен дека доаѓа такво време. Единствениот исправен начин на којшто можеме да се надеваме дека овие бројки коишто носат горчина ќе ги поправиме, се патот на интеграциите. Или колективно ќе одиме во Европа или ќе продолжат индивидуално да ни заминуваат во Европа. Затоа треба да продолжиме со одговорни политики коишто ќе ги мотивираат младите да останат. И следното е да почнат да се враќаат“, рече премиерот Зоран Заев на 28.11.2019 година, давајќи примери од други земји, членки на ЕУ, како Латвија, земјите на Вишеградската група, каде младите почнале да се враќаат по повеќе од десетици години кога се создале поволни економски и социјални услови.

„Откако е СДСМ е на власт секој ден се повеќе се зголемува бројот на иселени од државата. Граѓаните се иселуваат затоа што во Македонија под власта на Заев економијата е сѐ полоша. Зоран Заев потроши неколку години од својот мандат на растурање на државата, општествено, економски, безбедносно, и финансиски, наместо ги врати иселените како што вети. Зоран Заев и СДСМ не се способни ништо добро да направат“, се вели во соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ.