Заев ги пушта Кики и Фрики низ вода?

Соочен со созанието дека на јавноста и’ е сосема јасно кои се двајцата пратеници на СДСМ кои биле во блиска соработка со првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, Заев денеска им испрати суптилна порака – дека наскоро ги очекува судбината и на нивниот пријател од рекетарските денови.

По одржувањето на денешната седница на Централниот одбор на СДСМ, генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски изјави дека околу актуелниот политички случувања живо се дискутирало на состанокот на највиското партиско тело, кое вечерва заседаваше во проширен состав. Присутните беа сите пратеници, голем дел од министрите и градоначалниците од редовите на социјалдемократите.

Николовски вели донесена е декларација дека во однос на актуелните случаи највисокото раководство на партијата ги охрабрува надлежните институции да го соочат со правдата секој оној кој го прекршил законот.

„Централниот одбор на СДСМ во проширен состав, со пратеници, градоначалници, претседатели на ОО, министри, СДММ и Форум на жени, донесе Декларација со која што задолжи највисокото раководство на СДСМ, кое истовремено е највисоко раководство на владата, на државата, да продолжи со безкомпромисната борба против криминалот и корупцијата, како и јакнење на правната држава преку создавање на услови за целосно владеење на правото. Последните случаи покажуваат дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција. “, изјави Николовски.

Како што вели, политичката припадност никого не амнестира од одговорност за криминал. Прашан дали на седницата присуствувале функционерите кои јавноста ги посочува како ликовите „Кики“ и „Фрики“, а кои наводно се дел од рекетарската група, Николовски не даде прецизен одговор. Иако пратеникот во кого јавноста го препозна ликот на Кики присуствуваше на седницата на ЦО, вешто избегнувајќи ги новинарите и камерите.

Се обидува ли Заев да ја пресече врската со Боки 13?

Колку е искрена порката на СДСМ и Заев за справувањето со криминалците и во сопствените редови останува да се види од тоа како и во која насока ќе се движи истрагата за случајот.

Но, по ова се отвора и прашањето дали со „жртвувањето“ на Кики и Фрики ќе се направи обид да се пресече врската која што би довела до инволвираните во случајот кои се дел од највисока владеачка структура.

Неофицијални информации од директно инволвирани во рекетирањето на Боки 13 говорат двајцата приведени се само мал дел од вклучените во оваа афера. Покрај двајцата функционери, според неофицијалните информации, врвот на оваа криминална пирамида е токму врвот на власта.

Постојат сериозни индиции дека специјалната обвинителка, Катица Јанева не била злоупотребена во случајот, туку директен учесник во него искористувајќи ја својата позиција и пристапот до прислушуваните материјали.

Опозицијата веќе го нарече случајот „втор октопод“ на СДСМ посочувајќи дека одговорите на сите прашања во овој случај треба да се бараат од власта. Оставка на Владата и предвремени избори, според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски се единствениот излез од скандалозната рекетарска афера.