Заев: Ги знам сите детали за бегството на Груевски

Ги знам сите детали, целосно сум информиран. Кога ќе дојде време јас и министерот Спасовски ќе ги кажеме сите детали од истрагата и за делот на внатрешната истрага на МВР и за делот на Јавното обвинителство, изјави премиерот Зоран Заев за текот на истрагата околу бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски.

Тој додаде дека законите во Македонија налагаат дека кога има налог од Јавното обвинителство, истрагата треба да заврши и потоа да бидат соопштени резултатите.

Истрагата се однесува на прашањето кој и како му помогнал да ја напушти територијата на Република Македонија.