Заев го нишанеше Груевски, а си пукаше во мадињата

Дозволете ми на почеток да го парафразирам Фидел Кастро, односно неговиот говор на Генералното собрание на ООН од 1960 година за ситуацијата во светот. Ги повика присутните за миг само да размислат каков би бил коментарот на вонземјаните кога би ги анализирале постапките, дејствата, реакциите на луѓето во меѓусебното општење и дејствување, а во светлото на тековната Студена војна.

Па и јас сега се обидувам од позиција на „падната од Марс“ да си ја објаснам „политиката“ на СДСМ, која активно ја поддржуваат, а богами и финансираат Брисел и Вашингтон. Оти како жител на планетава ни со најсилен напор не ми успева на разумен начин да ја сварам. Што е, бе, ова? Значи, дечкиве што се црпнати од нива, стокмени за да станат луѓе, наумиле да станат власт буквално по секоја цена: „Уставно и неуставно, законски и незаконски, демократски и недемократски“, гласеше политичкото кредо на Слободан Милошевиќ во фазата кога ѝ се курчеше на цела Југославија. А потоа? Е потоа го немаше веќе.

Овој последниов скандал со фалсификувањето лични карти, пасоши и други нешта би требало да се пушти во светски оптек за конкурсот за најглуп криминалец или најглупа гангстерска банда на векот, фатена на дело, односно на местото на злосторството, опкружена со безброј докази. Користа би била двојна. Светот да се изнасмее на овој пример на бескрајна глупоќа, ама и да се запраша зошто божем политичарите на божем сериозни држави ја штитат, ја охрабруваат и ја помагаат баш оваа најглупава криминална банда што игра опасни игри.

На Европската Унија очигледно добро ѝ оди. Не е во никаква криза, нема проблеми со масовните миграциски процеси, нема политичка, економска и морална ерозија, па од што ѝ е досадно и за да се најде во некоја работа решила да ја дупи Македонија. Си ја прави и руши, ја гради и разгрдува небаре е купче песок, кога ќе ѝ прдне. Нели, бе, ни го смисли пржинскиот рамковен за да сме ја надминеле длабоката политичка криза што ја создаде СДСМ од моментот кога не ги призна изборните резултати од последните парламентарни и претседателки избори? И нели, моделчето захтеваше да се упика СДСМ на власт преку изборен модел (лабораториски конструкт), кој ќе го релативизира, односно премости непосредното гласање на живи и здрави избирачи. За да се добие такво нешто, типови како Ванхоуте дури измислија еден куп глупи финти, кои би им донеле фингирана гласачка поддршка на омилените им лузери.

Е ама, што би рекле мудрите и искусни Турци од времето кога биле империја „од гомно ќерпич не бидува“, па тоа ти е. И сеа шо праиме? Ајде да се изразам со терористичко-субверзиран речник: ова со фабрикава за штанцање афери доаѓа нешто како бомба да ти експлодира во рацете пред мигот кога треба да ја фрлиш на целта. Заев, кој носеше откочен пиштол наврен под коланот, си пукаше во мадињата. Ама пак, којзнае по кој пат, како колатералка од пријателски оган загинаа Албанците. Нормално, како терористи што се ангажирани како чистачи на ќеневи, шверцери и убијци. Што е дело на нивните „политичари“, кои во име на сонот еднаш да станат господари на туѓото секогаш се подготвени да бацуваат нечие моќно дупе. Оние што го отворија заштитниот чадор над овие банди сторија сѐ да ги вооружат со најсофистицирано оружје. Им пружија севозможна логистика. Истурија многу пари. Ги организираа „маринците“ во медиумите. Испратија искусни инструктори, ги зазедоа стратегиските позиции креирајќи верна реплика на команден центар „Еребино 2016“, го премостија Уставот на РМ, ја измислија Катица Јанева и оп! Живи ги фатија како креираат „несоборливи факти“ со кои се оправдува воена интервенција, се соборува легална власт, се ничкосува држава. Ги фатија со епрувета во рака како оној Колин Пауел.

Кој го е тоа…