Заев го пријавил Боки 13 за рекет!?

Бизнисмени жртви на  рекет му се пожалиле на премиерот Зоран Заев. Тој вели откако бил запознаен со ваквите случување истите ги пријавил.

„Да се обратиле бизнисмени кои не се од Скопје за оваа работа дека биле уценувани и секако се знае како постапува секој граѓанин, така постапува и премиерот, го пријавив тоа. Потенцирам, премиерот тоа го пријавил“, вака одговори Заев прашан поврзано со актуелниот случај „Рекет“ во којшто осомничен е Бојан Јовановски познат како Боки 13 дали некој се обидел да добие помош токму од премиерот бидејќи бил жртва на рекет.

Заев не сакаше да прецизира дали лицата кои се пожалиле кај него биле рекетирани токму од Јовановски, но повтори дека она што му било кажано го пријавил.

Јовановски во понеделникот беше приведен, а по распитот во судот и притворен во Истражниот затвор во Шуто Оризари поради сомневање дека од познат бизнисмен, за којшто се говори дека е Орце Камчев, изнудил 1,5 милиони евра за да му обезбеди повластен статус при судскиот процес што против него во води СЈО во случајот „Империја“.

Според досегашните информации, истрагата за случајот е иницирана од страна на една европска државата, членка на Европската Унија. Според неофицијални информации, станува збор за Бугарија, чиј почесен конзул во земјава треба да биде токму Камчев. Службите на оваа држава, според пишувањата во медиумите, обезбедиле цврсти докази за извршениот рекет и направиле притисок за отворање на истрага и апсење на рекетарите.