Заев го пушти низ вода Шилегов, негов адут за Скопје станува Селмани

Поранешниот министер за здравство, од 2006 до 2008 година во една од владите на ВМРО-ДПМНЕ, Имер Селмани, како што се очекува, треба да биде заедничкиот кандидат за градоначалник за Град Скопје, на владејачките партии СДСМ и ДУИ, на есенските локални избори.

Како што пишуват албанските медиуми, повикувајќи се на извори од власта, изненадувањето што го најави лидерот на ДУИ и кое ќе биде обелоенето во сабота, е токму објавувањето на кандидатурата на Имер Селмани за градоначалник на Град Скопје.

Имајќи го предвид поранешниот политички ангажман на Селмани, се смета дека тој е  најприфатлив за сите партии од власта. Имено, како претседателски кандидат во 2009 година, Селмани освои голем број македонски гласови, поради што веројатно сегашните партнери во власта се надеваат дека тоа може тоа да се повтори и освои и од таа причина овие партии се надеваат на победа.

Меѓутоа, сепак, треба да се истакне дека тој изборен резултат Селмани од пред повеќе од една деценија, постигнат како предлог на од него основаната партија Нова демократија, а кој во два мандат (2000 и 2005 година) беше градоначалник на општина Сарај од редовите на ДПА, го оствари во сосема поинакви констелации и далеки порелаксирани односи, како на политичката сцена, така и севкупно во општеството.

Ваквиот потег на СДМС и ДУИ, за заеднички кандидат за престолнината е многу веројатен од две причини. Од една страна, социјалдемократите на Зоран Заев имаат точна перцепција дека актиелниот скопски градоначални Петре Шилегов со својата досегашна (не)работа, многу тешко може да биде избор и на македонските и на албанските галсачи. Од друга страна, пак, „интегративците“ на Али Ахмети ќе избнегнат внатрешни конфронтации понудувајќи неутрална личност. Истовремено тоа ќе претставува предизвик и за партиите од албанскиот опозициски блок во смисла на барање поддршка за кандидатот Албанец во Скопје, а што всушност ќе се користи во кампањата за градоначалничките позиции во градовите со мнозинство албански гласови, а каде ДУИ и не стои најдобро.

Ден претходно, исто така, во медиумите се појавија шпекулации дека зад изненадувањето на Ахмети стои можната кандидатура на Изет Меџити, кој изминатиов период имаше низа несогласувања околу работата на дел функционерите на ДУИ.

Ваквите шпекулации ги поттикна челникот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој најави „големо изненадување“ коешто ќе го обелодени на 5-ти јуни, кога се одбележува денот на формирањето на партијата.

„На-ти 5 јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за првиот албански премиер“, рече Ахмети во средата во Липково.

Во медиумите и политичките кулоари се шпекулира дека изненадувањето ќе претставува истакнување заеднички кандидат Албанец со коалицискиот партнер во власта – СДСМ за градоначалник на Скопје. Тоа би значело дека актуелниот скопски градоначаник од редовите на социјалдеморкатите Петре Шилегов, нема да може да ја оствари амбицијата повторно да биде кандидат на владејачката коалиција.

ДУИ во средата од кумановско Липково ја започнаа постапката за избор на кандидати за градоначалници и за советници за локални избори кои треба да се одржат во втората половина на октомври годинава.

Партијата на Ахмети од средината на мај го најавува изненадувањето преку билборди во зелена боја на кои пишува „Нешто големо доаѓа“. Слично на ова, во пресрет на парламентарните избори лани, ДУИ преку билборди со слоганот „Зошто не“ го најавуваше предлогот за прв премиер Албанец.

Заев вчера не откри поединости за изненадувањето коешто го подготвува Ахмети, но рече дека во предлогот „ќе се препознаатголем број од државните политики како биле вградени согласно новата агенда која ја има ДУИ“ и дека верува оти тоа е „во духот на унапредување на севкупниот политички амбиент во државата“.

„Еве, ние во СДСМ направивме сериозни промени, непосредни избори со 50 проценти жени и мажи, поголема застапеност на младите итн. А тоа ДУИ што го прави е навистина освежување и убава новина, ама секако тоа е право на ДУИ да го соопшти“, изјави Заев.